Лидерот на опозициската партија Движење Беса, Билал Касами, повикува да се остави Обвинителството слободно да го истражи случајот „Рекет“ и што побрзо да покрене обвинение во кое ќе бидат вклучени сите кои се вмешани во рекетирањето.
„Како што оди процесот, секој ден по еден на сослушување, а знаеме дека многу луѓе од актуелната власт се вмешани во случајот, по се изгледа дека ќе не стигне и Нова година и не знам дали до тогаш ќе имаме покренато обвиненија“, вели Касами во интервју за „Слободен печат“.





