Во текот на ноќта во охридската полиција се приведени уште тројца жители на селото Волино, информираат за expres.mk нивни роднини и соселани.
Со тојцата новоприведени во полициската станица сега има најмалку 6 жители на селото кое вчера беше место на судир меѓу локалното население и полицијата по фудбалскиот меч ФК Сатеска и ФК Црнобуки од Битола.
Тројцата новоприведени во текот на ноќта биле пивикани да дадат исказ пред полицијата по што не им било дозволено да ја напуштат полициската станица.
Во Волино според извори на expres.mk во селото, во моментов се вршат консултации меѓу локалното население како да се одговори на полициските мерки.
И покрај најавата дека градоначалникот на општина Дебрца ќе објави соопштение за ситуацијата се досега нема официјална реакција од локалните власти.
Дел од селаните се сомневаат дека градоначалникот Ногачевски е под силен притисок на неговата партија СДСМ и не смее да ја каже вистината за позадината на полициската акција во Волино.
Како дојде до ескалација на ситуацијата во охридско





