Сите што некогаш преговарале за името Македонија ќе добијат кривични пријави, најавува лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада Бил Николов.
Основата на кривичните пријави е геноцидот врз македонската култура за кој сите инволвирани биле навреме предупредени.
“Сакам да поднесам кривични пријави против сите #македонски политичари кои било кога преговарале за името #Македонија.
На сите овие бедни предавници лично им кажав дека поради нивната корумпираност и незнаење ќе биде извршен геноцид врз нашата култура”, најавува Николов користејќи го традиционалниот хаштаг #НашетоИмеЕМакедонија.





