Богдан Илиевски, еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, го коментира празничното обраќање на премиерот Зоран Заев од „Школка“ во скопскиот Градски парк.
„Македонија сега била отворена школка. Нека му каже некој дека, кога школката ќе се отвори, умира“, реагира на Фејсбук популарниот Бетмен Велит.
„Ова место, ‘Школка’, како да има некаква симболика со своето име. 28 години по независноста, оваа наша земја, која наликуваше на затворена школка, конечно се отвора пред Европа и светот и добива можност да ја покаже својата вредност. Македонскиот бисер од школката почнува силно да сјае“, рече Заев во обраќањето од скопскиот Градски Парк.






