Директорот кој денеска беше снимен како „превртува очи“ за време на изјава на премиерот демантира дека неговата реакција се однесува на тоа што го говорел Заев.
Во текот на денот телевизија Алфа објави видео во кое директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Кристијан Костов, прави гримаси додека премиерот Зоран Заев зборува за оптимизам за законот за СЈО.
Костов вечерва на вестите демантира дека регирал на тоа што го зборувал Заев. Тврди дека причината за реакцијата била високата температура во болницата каде што се давале изјавите.
Зошто било топло во здравствената установа, дали не работела климатизацијата или објектот се загрева енормно од други причини, директорот не открива.
https://youtu.be/5K0yIQhpltU




