Јовески ја послуша Јанева – ќе ги преземе предметите од СЈО

Љубомир Јовески  ќе ги преземе предметите кои ќе му ги дадат од СЈО, соопштија од Јавното обвинителство. Одлуката била донесена на стручен колегиум на јавните обвинители на кој било разгледано писмото од Катица Јанева, но и од обвинителите од СЈО, дознава НОВА ТВ.



„Јавното обвинителство го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје и Известувањето од  јавни обвинители на тоа обвинителство, при што зазеде став да ги преземе во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат предадени од Јавното  обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, соопштија од Јавното обвинителство.

Предметите ќе бидат предадени да продолжат во надлежните јавни обвинителства.

Шефиата на СЈО, Катица Јанева која е во притвор, од со писмо од Шутка побара Јавното обвинителство да ги презеде сите истраги и предмети на СЈО, дури и судските предмети кои се пред пресуда.