Каде „заталка“ оставката на Јанева?

Претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски за МИА информира дека до крајот на работниот ден, до 15 часот и 30 минути, на Советот, не добиле никаков допис (од обвинтелката Катица Јанева која ја активирала оставката ковертирана на 15 јули) но, можно е да пристигне во текот на утрешниот ден когаќе може да ја соопшти содржината.



„Ние во Советот, доколку стигне, ќе ја разгледаме веднаш и ќе одлучиме како би постапиле“, рекол Колевски.

Јанева поднесе условна оставка на 15 јули, на денот кога беше уапсен Борај Јовановски за случајот „Рекет“, а која требаше да биде активирана кога ќе се избере нов специјален обвинител.