МВР подготвила кривична пријава за еден новинар за случајот Рашковски

Еден од новинарите кои објавија информации за случајот Рашковски, МНАВ и италијанската фирма Леонардо се соочува со кривична пријава која ја подготвило МВР и наскоро ќе ја испрати до обвинителатвото.



“Според инфомарции на Инфомакс министерството за внатрешни работи подготвило kpивична приjaва пpoтив еден новинар кој ја објави aфepaта ,,Леонардо” во која беше вмешан Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. За овој случај  пред еден месец на pacпит беа повикани новинарот, Љупчо Златев и Горан Момировски”, пишува порталот инфомакс.мк кој се повикува на извори во МВР и најавува дека kpивичната пpиjaва во наредните денови ќе биде испратена во ОЈО.

Аферата односно аудио разговор кој го води генсекот на Владата за тендер вреден 7 милиони евра, најпрвин ја откри колумнистот на expres.mk Горан Момироски а потоа аудио материјали објави и Љупчо Златев во порталот Лидер.мк.

Засега нема инфо за кого е кривичната пријава ниту по кој член од кривичниот законик е.