Спасовски: Секој вмешан во „Рекет“ ќе биде казнет

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за МИА изјави дека се работи интензивно на случајот „Рекет“, по наредби на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.



Според Спасовски се преземаат активности што треба да дадат одговор на сите прашања во истрагата, но оти не може да се споделуваат повеќе информации бидејќи истрагата е во тек.

„Меѓутоа, едно треба да бидеме сигурни и воедно ја убедувам јавноста дека докрај ќе се расчисти тој случај и дека без разлика кој е учесник во таков случај – дали е политичка личност, дали е која било јавна личност или е обичен граѓанин, а кој учествувал во вакви активности – докрај ќе биде санкциониран, изведен пред лицето на правдата“, изјави министерот Спасовски за МИА.