Силјановска се плаши од уништување докази во СЈО

Професорката Гордана Силјановска се плаши дека во моментов институциите не трагаат по докази за случаите поврзани со СЈО туку се бара начин како тие да бидат уништени.



Кандидатката за претседател поддржана од опозицијата користејќи иронија алудира на се уште нерасчистениот случај на поплава што пред една година во СЈО ги зафати и доказите од предметот Империја поради кој во притвор е Катица Јанева но и хаосот околу случајот Рекет во кој форензички беа бришени компјутери на специјалното обвинителство.

“Проблемот со доказите во СЈО „се решава” со поплава или со пожар! Се плашам дека не се трага по докази туку по начин за нивно уништување!”, пишува денеска професорката по уставно право која подолго време не беше присутна во медиумите и социјалните мрежи.