И Кирацовски повикан на распит за „Рекет“

Пратеникот и поранешен секретар на СДСМ Александар Кирацовски денеска е повикан да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал и корупција вио врска со случајот „Рекет“.



Кирацовски кој неколкупати повика институциите да го расчистат случајот во кој веќе се притворени три лица, беше споменуван како близок пријател на првоосомничениот Бојан Јовановски –Боки 13.

Пратеникот деновиве побара да бидат повикани на распит сите што се сликале со Боки 13.