Разрешувањето на Катица Јанева зад затворени врати

Собраниската Комисија за избори и именувања, денеска ќе расправа за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.



Советот на јавни обвинители остана на ставот дека извештајот за поведената постапка за разрешување на Катица Јанева треба да остане таен, бидејќи истрагата за шефицата на СЈО е сè уште отворена а класифицирањето е за да се заштитат правата на лицата од Извештајот.

Шефот на парламентарната комисија за избори и именувања, Илија Димовски, побара состанокот да биде јавен, а извештајот да се декласифицира со цел да се испочитува големиот јавен интерес. Димовски бара консензус меѓу четирите најголеми политички партии во Собранието за предлогот за разрешување на Јанева.

Откако Комисијата за избори и именувања со проссто мнозинство ќе го одобри заклучокот тој ќе биде испратен на пленарната седница во Собранието.