Советникот во град Скопје од редовите на ГРОМ Александар Трајановски прашува дали новата чуварка на државниот трезор Нина Ангеловска само потпишала ребаланс на буџетот кој е скроен од некој друг (не)познат актер.
“Те назначуваат за министер за финансии, после два дена се усвојува ребаланс на буџет. Или Нина се спремала 2 месеци уназад или некој друг го скроил буџетот и потпиши Нина.
Ја мислам под Б за вас не знам”, пишува Трајановски кој иронично го користи хаштагот
#учимесомладите посочувајќи на младоста и неискуството на Ангелеска.





