Шпанецот Марк Маркез победи во 9. трка од Светското првенство во МОТО ГП што денеска се одржа во германскиот Зашенринг. Шпанецот на Хонда кој е актуелен и троен светски првак во оваа класа имаше скромен старт на сезоната и ова за него беше само втора победа и петти подиум, но и тоа му беше доволно од четвртото да скокне до првото место во генералното бодување со 129 поени.



Зад Маркез денеска на Големата награда на Германија останаа Јонас Фолгер и Дани Педроса, а најблизу во вкупниот ранкинг се Маверик Вињалес (124 бода) и Андреа Довициозо (123 бода).