Новинарот Ларис Гајсер, кој објави снимки за случајот „Рекет“во „Лаверита“ вели дека поседува уште материјали за оваа афера.
Нови детали ќе објави само ако македонските истражни органи не си ја завршат работата, изјави тој за „Танјуг“.
Гајсер вели дека маријалите ги објавил дури откако добил потврда дека истите ги поседува и македонското обвинителство, но и дека постоел сомнеж дека тие се уништуваатуништува.
„Бев против објавување на овие информации, со кои располагавме, сѐ додека не се уверив дека истите материјали ги поседува и правосудниот систем во Македонија. Тогаш, во Ла Верита одлучивме да ги објавиме за да покажеме дека правниот систем таму ништо не работи и оти веројатно брише докази, изјавил Гајсер, кој учествува на стратешкиот форум на Блед.





