Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, смета дека во аферата „Рекет“ не може да бидат вмешани само Катица Јанева и Боки 13, туку дека има и други лица.
„Малку е неверојатно да зад целата оваа лудорија ‘Рекет’ да стојат само Боки 13 и Катица Јанева. Бидејќи тоа е рамно на лудост. Тие не се ‘цвеќе за мирисање’, но не се и најпаметните ама толку луди не се“, рече Калајџиев во гостувањето во емисијата „Журнал“.
Калајџиев смета дека една институција која е под надзор на меѓународни и регионални служби, на сите правни институции, невладин сектор и во исто време да се осуди да рекетира некој од најмоќните луѓе во Македонија, кои што имаат врски на сите нивоа домашни и меѓународни е рамно на лудост.
„Просто е неверојатно некои двајца карактери, вакви како од цртан филм да смислат нешто такво, не знам како се викаа едни две глувчиња што секоја вечер одново смислуваа како да го освојат светот. Тоа е така како пародија, цртан филм за возрасни. Од кои што едниот е глуп, а другиот паметен. А од овие двајца се вели дека Боки бил попаметен, но не знам кој од кого е попаметен“, вели Калајџиев, пренесува „Република“.
Калајџиев смета дека е чудно што во моментот кога се виде дека не може Катица понатаму да биде СЈО, одеднаш сета меѓународна и домашна еднодушна поддршка да продолжи да функционира СЈО се сврте, како што рече, за 180 степени СЈО да се закопа.
„Тоа нема друга асоцијација освен тоа дека некој не сака воопшто да се види што е работата во СЈО. И тука ВМРО ДПМНЕ има право можеби и еден ден, можеби не одма сега додека се активни предметите но еве еден ден да се види што е навистина таму работено и како“, истакна Калајџиев.






