Јанева наредила предметите од СЈО да се префрлат во ЈО!?

Шефицата на СЈО Катица Јанева преку писмо, наредила Специјалното обвинителство во рок од три дена сите случаи да ги предаде на Јавното обвинителство, дознава Пресинг ТВ.



Во писмото од Јанева, која се наоѓа во притвор во Шутка, било испратено вчера таа бара целокупната документација за предметите, како и доказите, да се префрлат во ЈО, односно кај Љубомир Јовевски и практично СЈО да го заврши својот мандат.

Мандатот на СЈО му истекува на 15 септември.