За капитални инвестиции 50 милиони евра помалку

За околу 50 милиони евра  е намален изност на капиталните инвестиции со ребалансот на Буџетот усвоен на денешната седница на Владата и од претходно планираните 420 милиони евра сега капиталните инвестиции се  проектирани на 370 милиони евра.



„Од капиталните инвестиции најмногу кратиме во железниците, и тоа во делот на кредитирањето, сопствените пари од Буџетот ги оставаме и износот е 1,982 милиони денари, 4,2 милиони евра кај водоснабдителните системи од кредитот од ЕИБ, 583 милиони денари од парите за Коридор 10, потоа од ставката на рурален развој, се кратат 130 милиони денари за хидросистемот Злетовица, 100 милиони денари од ТИРЗ, каде има заштеда“ – наведе премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со министерката за финансии Нина Ангеловска, пренесе Плусинфо.