Пратеничката Фросина Ременски утре ќе даде исказ во Јавното обвинителство во врска со случајот „Рекет“, дознава Плусинфо.
Името на Ремеснки која е почесна претседателка на Меѓународниот сојуз Боки 13 често се спомнуваше по откривање на скандалот „Рекет“
„Немам ништо против (Напротив!), ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е мојата почесна функција во нeвладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13). Стојам на располагање да им појаснам сѐ што ги интересира, или за сѐ што имаат дилема“, напиша Фросина Ременски на својот профил на Фејсбук пред еден месец.
Неодамна Ременски беше разрешена од потпретседател на СДСМ.





