Лидерот на Движењето Беса смета дека по разочарувањето на јавноста со скандалот во СЈО, време е за предвремени избори.
,,За жал, апсењето на Катица Јанева е само врвот на сантата мраз од еден огромен скандал, кој и се случи на оваа Влада. Ако сега не е време за предвремени парламентарни избори, тогаш јас не знам кога во Македонија било понеопходно да се организираат предвремени избори“,изјави вчера лидерот на Движењето Беса, Билал Касами во интервју за ТВ21.
„Во моментите кога граѓаните ја изгубија и последната надеж дека оваа Влада може да го води интегративниот процес, јас мислам дека премиерот Заев треба да собере храброст и да распише предвремени избори. Затоа што граѓаните на Македонија навистина имаат потреба од нова елита политичари и државници кои ќе работат за иднината на евроатланска Македонија”, истакна Касами.




