Во авионот со кој шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ летал за Слоцвенија каде требало да учествува на Форумот во Блед, синоќа, околу 22 часот и 50 минути, удрил гром, јавуваат српски медиуми.
Во тие моменти над Хрватска и Словенија имало силно невреме и за само 2 часа биле регистрирани околу 20.000 молњи од кој една го погодила авионот.
Ударот на молњата предизвикал паника, од инцидент немало тешки последици, а пилотот принудно слетал на најблискиот аеродром во Словенија.
„Се слушна мала експлозија, се виде блесок. Но, не ни може никој ништо“, ексклузивно за Курир.рс изјавил Дачиќ.





