(Не)кој ги штити нарко-бандите во Арачиново и Грчец!?

Инспектори Албанци се жалат дека високи функционери во МВР не им дозволуваат да влезат и да расчистат со нарко-бандите во Арачиново и Грчец.



„Високи личности на Министерството за внатрешни работи, главни директори и високи инспектори се редовни гости на свадби и забави на дилери на дрога“, пишува порталот Лајм.

Жител на Арачиново, според „Лајм“ за албанската Државна телеграфска агенција (АШТ) во репортажа на оваа тема вели: „Во нашето село, дрога се одгледува на цели хектари. Мислите ли дека полицијата не го гледа ова?

Адмир Чили, експерт од Тирана за антикриминал и борба против корупцијата оценува:

„Албанските дилери на наркотици во с.Македонија, не само од Арачиново и Грчец, туку и во другите делови на Западна Македонија, имаат постојана институционална поддршка, без разлика која македонска партија е на власт. Македонската држава ги поддржува овие банди главно преку албанската вазална партија која е под нивна контрола, која де факто функционира како политичко крило на криминалните организации“, пренесува „Лидер“.