Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска ќе посети две основни училишта по повод почетокот на школската година.
Како што информираат од МОН, министерот Адеми ќе ги посети ОУ „Лазо Ангеловски” во Аеродром и ОУ „Бајрам Шабани” во Кондово во општината Сарај, пренесе МИА.





