Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) останува на ставот дека утре, првиот ден од училишната година, ќе почне со предупредувачки штрајк на наставниците кои се незадоволни од најавеното зголемување од само 5 %.
Тие бараат 25 отсто.
„Сите наши членови ќе дојдат на работа, ќе бидат во една просторија додека трае работниот ден, но нема да ги прифатат децата кои ќе дојдат на училиште. Ова ќе биде предупредувачки штрајк.“, изјавија од СОНК.
Министерот за образование Арбер Адеми денеска на прес-конференција во Владата ги повика наставниците и вработените во училиштата утре да почнат со настава и да ги прифатат децата, бидејќи, како што рече не се сеќава „некогаш се организирал штрајк во земјава кога имало одлука за покачување на платите“
Министерот вели дека се работи на подобрување на материјалниот статус на просветните работници, и дека за една година, платата на наставниците се зголеми за 10 отсто за разлика од лани.




