Директорот на новата Агенција за национална безбедност, Виктор Димовски, денеска на прес-конференција го означи почетокот на работа на Агенцијата за национална безбедност која  веќе не е во надлежност на Министерството за внатрешни работи и ќе функциониора како независно тело.



Тој истакна дека бројот на вработени Албанци во новата Агенција е 16,4 отсто, компарирајќи дека досега во УБК работеле 12 проценти Албанци.

Според зборовите на директорот, била напревена селекција на вработени од УБК и оние кои ја поминале селекцијата ќе работат во новата Агенција. За оние, пак, кај кои се утврдило дека не можат да поседуваат безбедносен сертификат, нема да останат на улица.

„За оние кои не ја поминаа селекцијата за Агенцијата, остануваат вработени во Министерството за внатешни работи, освен оние за кои во безбедносна постапка ќе се покаже дека не можат да поседуваат безбедносни сертификати. Меѓутоа и за нив е предвидено вработување во останати државни институции“, рече Димовски.