Мијалков не може да ја напушти Македонија, Груевски ја чека одлуката на судот

Отфрлени се барањата на СЈО за одредување мерка притвор за поранешниот началник на УБК, Сашо Мијалков и на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски- обвинети во случаите Тврдина и Таргет.

Поранешниот шеф на УБК екс началникот на Петтата управа во МВР нема да можат да патуваат надвор од земјава затоа што останаа без пасоши, но нема да добијат притвор како што бараше Специјалното јавно обвинителство.



Двајцата поранешни полициски функционери се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“ и „Таргет“. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, ги одби барањата на СЈО и им наложи на двајцата обвинети еднаш неделно да се јавуваат во судот и им ги одзеде пасошите.

Одлуката за обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои е и експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кривичниот совет ќе ја соопшти утре. И за нив се бараше одредување мерка притвор.

Досега судот ги одби барањата за притвор поднесени од СЈО за сите обвинети во вкупно 17 предмети.

Според ВМРО-ДПМНЕ  СЈО се тетира како продолжена рака на владејачката СДСМ а обвиненијата како политичка хајка против најголемата партија во парламентот.