Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска анализира изјава на градскиот татко на Скопје Петре Шилегов кој најави барање до обвинителството да изрече притвор за човекот кој уништувал градски имот.
За неа изјавата на Шилегов којбе адвокат и би требало да знае кој бара а кој дава притвор открива како власта ги доживува законите и законските процедури.
“Градоначалникот на Скопје рече дека ќе бара од ОЈО да му изрече мерка притвор на лице кое го кршело зелениот покрив на ГТЦ.
Сега истово ова, разложено.
Градоначалникот!
Градоначалник ќе бара притвор!
А кој да изрече!?
Обвинителот!
Градоначалникот е поранешен адвокат и нормално дека знае дека обвинител бара, а суд изрекува мерка притвор.
Никако не може градоначалник да бара притвор, а обвинител да изрече.
Грешка напраи човекот.
Фројдовска грешка”, пишува Јошевска Анастасовска за барањето на Шилегов.
Во психологијата “Фројдовска грешка” се нарекува ситуација во која преку пишан лапсус или вербален гаф се откриваат несвени мотиви, желби, позиции на поединец.





