Идниот шеф на дипломатијата на ЕУ, шпанскиот министер Жозеп Борел, го бојкотирал состанокот на функционерите на ЕУ со партнерите од Западен Балкан во Хелсинки бидејќи на него била поканета и Приштина.
Според српски медиум, Борел пристигнал на самитот во Хелсинки, но не и на состанокот на кој бил министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли.
Според Ивица Дачиќ, кој учествувал на состанокот во Хелсинки, атмосферата ја вжештила се уште актуелната шефица на ЕУ, Федерика Могерини, која, спротивно на практиката, сепак ја покани Приштина.
„Шпанија е против тоа тие да се поканат. Бидејќи ова е првпат да е поканета територија која е далеку од статусот кандидат за членство во ЕУ“.





