Премиерот фатен за збор: Софија сака да ги пишува новите историски учебници

По изјавата на премиерот Заев дека „во духот на новата соработка, Македонија од своите учебници ќе ги отстрани сите историски факти  што ги провоцираат Бугарија и Грција“,  бугарската јавност со подетална анализа на македонските книги по кои се одвива настава во земјава.



Софискиот весник 168 часа во опширната анализа пишува дека во македонските ученици има многу скандалозни историски тврдења о дкои најнеточно е дека Цар Самоил ги ослободил Македонците од Бугарите а Кирил и Методиј не ја измислиле „Глаголицата“.

Иако премиерот за време на посетата на Софија рече дека „Не политиката туку историчарите требда да решаваат за историјата“ влијателните бугарски историчари сега нему порачуваат дека во духот на европската соработка Скопје мора да ги промени историските наводи според кои Самуил и браќата Арон, Мојсеј и Давид во исто време воделе војна и со Бугарија и со Византија, затоа што и самите биле Бугари.

Од Заев се очекува да интервенира и околу именувањето на Кирил и Методиј кои според Софија не се „Македонски браќа“ како што пишува во книгата по предметот под „Општество“ за 5-то одделение.

Иако не се директно инволвирани во тој дел од историјата бугарски  научници бараат да се промени и делот за јазикот на кој Александар Велики се обраќал на своите војници. Според Софија тој не можел да биде различен од грчкиот а македонските историчари го нарекуваат „Македонски“.

Дел од бугарски научници историчари поради позитивните пораки што новата влада ги испратила во Софија се подготвени да помогнат и се пријавуваат да ги пишуваат новите книги за македонските ученици.