По кејот на Вардар, ексамбасадорот Пломп собираше ѓубре и во Пакистан

Донеодамнешниот амбасадор на Холандија во Македонија, Вутер Пломп, заложбата за чиста животна околина од кејот на Вардар ја пренесе и во Пакистан, каде што амбасадорува од 27 август.



Уште вториот работен ден во Исламабад тој се приклучи на иницијативата „Диплогрин“ и учествуваше во собирањето ѓубре низ дипломатскиот кварт, објавувајќи за тоа на Твитер.

Пломп беше дел од акцијата за собирање отпадоци на кејот на Вардар во април минатата година, иницирајќи ја заедно со тогашните колеги амбасадори Џес Бејли од САД и Чарлс Гарет од Велика Британија.