Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната собраниска седница за реконструкција на владата побара оставка од премиерот:
„Господине Заев, време е вие лично да поднесете оставка, за добро на државата време е оваа политичка агонија да заврши“.
Димовски предоложи да се следат европските примери:
„Ајде да ги следиме европските примери, да ја следиме Австрија блиску ни е. Се објави една единствена снимка за заменик претседател на владата и државата отиде на избори“, потсети Димовски.





