Ацо Колевски нов претседател на Советот на јавни обвинители

Членовите на Советот на јавните обвинители на денешната сдница едногласно го избраа Ацо Колевски за претседател на Советот.



Колевски ќе го наследи досегашниот претседател Коле Штрејев кој ја извршуваше функцијата од 31 август 2017 година.

Новиот претседател е член на Советот од февруари 2018 година кога беше избран од редот на јавните обвинители.