Според податоците на хрватското министерство за наука и образование, во дури 137 основни училишта годинава не е запишано ниту едно прваче., пишува „Слободна Далмација“.
Поради ова, но и заради недостаток на ученици во другите одделенија, ќе бидат затворени 12 регионални училишта.
Со затворањето на училиштата, но и недостигот на ученици во прво одделение се појавуваат многу проблеми, како што е прашањето што со работните места на наставниците, кои практично стануваат вишок.
„Ова се алармантни информации за кои со години предупредувавме. Не се затворени само училиштата, запрен е развојот на областа, исчезнува животот, што има големи економски последици.“ вели демографот од Економскиот факултет во Загреб, проф. др. Ангелко Акрап, кој со години бара да се изготви долгорочна стратегија за развој.
Ситуацијата, вели тој, може да биде уште полоша, за што говорат негативните демографски трендови. Во Хрватска, на пример, во 2009 година имало 44.753 живородени децаа, а минатата година нивниот број падна на 36.945.
Хрватска на 1 јули 2013 влезе во ЕУ како 28 членка.




