„На канцеларката ѝ се познати моите ставови за Преспанскиот договор, кој е договор со сериозни недостатоци, но кој може да биде подобрен во рамките на вкупната европска перспектива на Балканот“.
Ова е изјавата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, пренесе „Дојче веле“.
Не е јасно во кој правец Мицотакис планира да го поправа Договорот потпишан лани во Нивици, но може да се претпостави дека грчкиот премиер, инаку голем непријател на договорот со Скопје, ќе работи на „унапредување“ во корист на грчката страна.
Мицотакис, како што е познато, тврди дека со договорот од Преспа, биле „предадени“ грчкото име „Македонија“, не се согласи со македонскиот идентитет и јазик, а најави дека сериозно ќе работи на заштита на „грчкиот“ бренд “Македонија“ кога се во прашање трговските производи.




