Таткото на „заборавените“ деца во автомобил славел „Богородица“

Таткото на двете деца, братче и сестриче на возраст од 3 и 7 години кои вчера биле „заборавени“ во кола, бил во црква и го прославувал верскиот празник Богородица, дознава „Република“.



Децата била исплашени, исцрпени и молеле за помош, по што минувачи ги слушнале и пристапиле да помогнат.

По ова децата биле пренесени клиника и добро се чувствуваат.

Полицијата ги пронашла раодителите Т.Т.(44) и М.Н.(35), и за случајот го известила јавниот обвинител.

Од изјавите на очевидиците родителите на децата биле разведени, а кај таткото биле оставени на еден ден чување.

Некои медиуми јавија дека првата реакција на таткото по настанот била да протестира зашто било скршено стакло на автомобилот преку кое децата биле извлечени.