Обвинителката Вилма Русковска не го повикува Зоран Заев на распит за неговата инволвираност во рекетирањето,иако е споменат во досега собраните искази, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„За Вилма Русковска важат двојни стандарди. Исказ од сведок пред три месеци и беше доволен за да го обвини Митко Чавков и други лица за измислено дело тероризам, а сега Русковска кога станува збор за Зоран Заев кој треба да се најде на обвинителна клупа молчи, ја развлекува истрагата и ништо не презема“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.