Осудените од „Диво насеље“ собираат пари на Фејсбук (ВИДЕО)

Со песни, цигари и кафе



Затворениците од Кумановската група на Фејсбсук и преку видеото в живо ги повикаа сите Албанци да им помогнат и на жиро-сметка да донираат пари, кои ќе бидат наменети за нивните семејства и семејствата на загинатите борци.

„Отворивме банкарска сметка која ќе служи за да им помогнеме на семејствата на паднатите борци кои загинаа во мај 2015 година во Диво Насеље во Куманово. За потребите на нашите борци кои веќе 5 години се наоѓаат во словенските затвори. Многу од сонародниците кои не поддржуваат и сакаат да нè поддржат, шпекулираа дека сметката е потврда-вели еден затвореник, пренесува ТВ.21.

Осудените од Кумановската група се во затворот во Идризово и не е прв пат, затвореник од оваа казнено поправна установа да објавува преку телефон на социјалните мрежи. Вакво нешто е се почеста појава, не само во затворот Идризово, туку и во истражниот затвор во Шутка“.

Дека тоа е така, призна и новиот директор на затворот во Шутка Есад Рахиќ во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Вели дека помала група на корумпирани луѓе кои што работат таму, успеваат, како што вели, да бутнат по некој телефон.

https://youtu.be/1aHTTMUISBw