Зеколи не му премолче на ЕУ амбасадорот Жбогар за Рекет и Катица

Македонскиот екс дипломат и политички аналитичар Арсим Зеколи со ироничен коментар по оценката на евроамбасадорот Самуел Жбогар според кого случајот Рекет е реално шоу.



Обуавувајќи фотографија на Катица Јанева со насмеаните странски амбасадори во Скопје, Зеколи на дипломатите им дава улоги на учесници во реални програми.

Под фотографијата тој пишува:

“Семејно фото

Големиот брат
Преживување
Фарма
Кој сака да биде милионер
ЕУ има талент

И најголемото реално шоу од сите, Македонија”, пишува Зеколи во обид да порача дека ЕУ им свој дел од вината за состојбата со СЈО и генералната ситуација во земјата.