Наместо со ѕвонче, школската година почнува со штрајк!?

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, (СОНК) донесе одлука на 2 септември, првиот училишен ден, просветните работници да стапат во предупредувачки штрајк.



По долгите и неуспешни преговори со Министерството за образование и наука и Владата околу процентот на зголемување на платата на просветните работници, СОНК се решил за овој чекор. Бидејќи најавеното покачување од 5 проценти што го најави Владата не ги задоволи синдикалците, кои бараат покачување од 25 отсто.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, повика на дополнителни преговори, со ветување дека во иднина ќе има ново зголемување на платите, но без да го прецизира процентот на евентуално покачување на платите и кога тоа би се случило.