Ботовите на СДСМ во фотошоп операција поставија вол на вмровска трпеза

На празникот Богородица, Твитер и Фејсбук профили под контрола на владеачката партија споделуваат монтирана (фотошопирана) фотографија на која се гледаат членови на ВМРО-ДПМНЕ како јадат печење од големо животно, најверојатно вол.



Освен обидот тие да се прикажат како луѓе што за разлика од обичните луѓе не се скромни во празнувањето, споредна цел е да се прикаже дека „вмровците“ мрсат на празникот Богородица, на кој годинава се пости.

Но, обидот пропадна кога експерти за фотошоп ги најдоа грешките на монтираната фотографија, а нејзината цел ја објаснуваат како патетичен обид СДСМ да ја дефокусира јавноста од случаите „Рекет“, Рашковски, Курто Дудуш и многу други.

Со црвени кругови се обележани сите грешки на ботовите на СДСМ кои ја фалсификувале фотографијата.