Дијаспората од Австралија повикува на бојкот на  на концертите на  „Танец“ закажани за 17 ноември во Мелбурн, 22 ноември во Канбера и на 24 ноември во Сиднеј.



Причина, како што наведуваат, е промена на името на „Танец“ по што сметаат дека веќе не е „ансамбл за народни игри и песни на Македонија“, туку национална институција на народни игри и песни на Северна Македонија.

Во Австралија, по повод националниот празник 8 Септември, се повикуваат Македонците на протест пред македонската амбасада во Канбера против промената на името на државата и забраната за употреба на симболот од Кутлеш, шестаесеткракото сонце.