Во случај да не се обезбедат 80 пратеници за донесување на Законот за јавно обвинителство, со кој се решава и судбината на СЈО, владата решенијата за СЈО ќе ги решава преку измени на законот за совет на обвинители кој се носи со 61 глас.
Планот на владата денеска го откри министерката за правда Рената Десковска, според која во законот за советот на обвинители можело да се вметнат одредби за избори и организација на новото обвинителство.
Пратеникот Антонио Милошоски побара оставка од министерката за правда Рената Дескоска, откако Собранието изгласа законот за Јавно обвинителство да се носи по скратена постапка. Според Милошоски тоа е обид на власта на сила да го донесе законот.
„Бараме од другарката на Боки Tредичи, Рената Дескоска да си поднесе оставка зашто во нејзин мандат има најголем политички и судски скандал – рече Милошоски за случајот „Рекет“.





