Додека не биде изградена станицата за метан, 4-те еколошки автобуси кои ги купи градот Прилеп, ќе мора да полнат „гориво“ во Битола на секои 5 дена, дознава порталот СДК.
Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовановски вели дека станицата за метан на „Макпетрол“ требала да биде готова во јуни, но се доцни со изградбата, па за да не стојат автобусите во гаража, додека биде готова ќе се полни гориво во Битола.
„Жално е нови, еколошки автобуси да стојат надвор од употреба, кога има начин како да се полни гориво. Не треба да се оди секој ден до Битола туку на секои пет дена. Трошоците и на овој начин се многу помали од оние кои ги имавме со автобусите на нафта. Одење и враќање од Битола за еден автобус ќе чини 1.000 денари. Старите автобуси дневно трошеа 100 евра за гориво, а за новите еко автобуси трошоците ќе бидат 40 евра од ден“, вели градоначалникот Јовановскипренесе порталот.





