Четири лица се приведени за предизвикување на пожарот кој денес околу 11 часот пламна кај езерото Младост во Велес. Како што се дознава, тие вќе признале дека работеејќи со брусалица го предизвикале огнот, но и покрај обидите не можеле да го спречат неговото ширење.
Пожарот кој избувна во близина на Велешко езеро се прошири на поголема површина, информираат од Центарот за управување со кризи.
“Во гасењето на пожарот ангажирани се 50 вработени од АРМ, еден хеликоптер на АРМ и два авиони од Дирекција за заштита и спасување. Исто така на помош се пратени и екипи од пожарните во Неготино и во Кавадарци”,наведуваат од Центарот за управување со кризи.
Од АМСМ велат дека пожарот стигнал до автопатот Скопје – Велес, па собраќајот се пренасочува по регионалниот пат езеро Младост кон Велес.
Пожарот кај Башино село кој се разгорува од ветерот зема се поголем замав и откако опустоши голема површина во близина на Езерото Младост се заканува да ги зафати околните хотели и викенд куќи.
Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат застрашувачки фотографии од огнот кој се доближува до населените места, заканувајќи се да зафати вуклканизари и други објекти.
Општина Велес алелираше за помош и вклучување на граѓаните во гаснење на пожарите. На терен се неколку канадери како и војската кои од претпладнево од 11 часот се обидуваат да го изгаснат огнот, кој продолжува да се шири. Во моментов во околината на Велес се активни неколку жаришта.





