На изјавата на евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар, дека аферата „Рекет“ се претворила во реално шоу реагира некогашната министерка за култура Ганка Цветанова.
„Амбасадорот на ЕУ во Македонија вели дека изнудувачкиот скандал ‘Рекет’ станал реално шоу. Навистина! Но, дали Самуел Жбогар веќе заборавил дека тие беа создавачи на едно друго реално шоу наречено СЈО и го направија кастингот на водечките улоги?!?“, прашува Цветанова преку својот профил на Твитер.






