Осудениот за убиството на Мартин Нешковски не е во затвор

Игор Спасов, поранешниот припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар”, кој е правосилно осуден за убиството на Марти Нешковски, повеќе од една година не е во затвор.



Тој од минатиот август користи прекин на затворската казна поради лекување. Откако на 18 август годинава му истече прекинот на издржување на затворската казна, тој поднел нова медицинска документација и добил нов прекин кој трае до 18 октомври, 2019 година, кога би требало да се врати во КПД Идризово и доколку заврши со лекувањето, дознава МКД.МК.

Поранешниот специјалец Спасов беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Тој досега има досега отслужено шест години затвор.

Полицискиот специјалец Игор Спасов тврдеше дека не го убил Нешкоски и дека е подготвен тоа да го докаже со полиграфско тестираше.

Игор Спасов, неколку пати беше на распит кај обвинителите на СЈО каде водат предистражна постапка за овој случај.