Пендаровски за „Рекет“: Досега направеното од државните органи е соодветна реакција!

Објаснувајќи зошто аферата „Рекет“, според него, не е критериум за датум за преговори со Европска унија, претседателот Стево Пендаровски изјави дека државните институции досега соодветно реагирале.



„Случајот ‘Рекет’ не е критериум за добивање на датум за почеток на преговори, а според сегашните реакции на надлежните институции, нема ни да биде, бидејќи ова што досега го направија надлежните државни органи е соодветна реакција“, смета тој.

„Меѓутоа, случајот очигледно е комплексен, да оставиме на надлежните органи да продолжат да го работат. Ако не продолжат со ова темпо, со оваа широчина и длабочина со која почнаа досега, тоа може да стане критериум. Но, сега не е и нема да биде до октомври“, категоричен е шефот на државата.