Камчев пак во Обвинителство – дава исказ за „Рекет“

Орце Камчев, Според неофицијални информации на порталот „Правосудство.мк“, бизнисменот Орце Камчев е во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, каде што дава исказ за случајот „Рекет“.
Според информации на порталот Камчев утрово се вратил во земјава (од Бугарија, каде наводно бил на одмор како што јавија бугарски портали), и веднаш се упатил кон Обвинителството каде дава исказ за случајот „Рекет’ во кој се води како оштетен.



Минатата недела медиуми објавија дел од исказот на Камчев пред обвинителката Вилма Русковска даден на 2 мај годинава, во кој објаснил кој и како го рекетирал.