За Македонија да биде понапред од тоа што е сега, доволни се малку напор и мали напори.
Наместо да се троши попусто енергијата на празни писаниа и ветувања на социјалните мрежи, Македонците да се посветат на орактични чекори, бара лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов.
“Ако Македонците кои ветуваат дека ќе помогнат (но не го прават тоа) одвојат 5 минути од своето време и место да се тепаат на Фејсбук исполнат некое од своите ветувања, #Македонија ќе беше многу понапред. #НашетоИмеЕМакедонија. Почитувајте го како што го почитуваа нашите предци”, пишува Николов кој е еден од најактивните македонски активисти во дијаспората.




