Мистична приказна на Мицкоски за Заев и еден „полошки“ градоначалник

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во своја авторска комумна за мкд.мк открива фрапантен случај во кој се инволвирани премиерот Заев и еден градоначалник на СДСМ, за кој нема никаква разврска.



“Одговор на овие прашања нема да добие јавноста, но затоа помалку мистично ќе почне да се шири една приказна за еден г(к)радоначалник од Полошкиот упс пардон, Пелагонискиот регион, од редовите на СДСМ.

Тој бил мераклија од сопартијците да побара паричка за вработување, потоа приказната оди за состанокот што го имал со еден сопартиец кој одлучил да плати за работно место, па како пликото полно со пари било потпишано од Заев и конечно како Заев му се јавил на тој г(к)радоначалник и онака помалку шеретски го поздравил градоначалникот, демек знаел што прави. На прашањето, и што понатаму?

Одговорот е само што не го уапсиле, ама не е само тој. Ги има неколку такви. Јасно ми е кој ја води државата и како, но и да е точна оваа мистична приказна за тој или тие г(к)радоначалници, уште колку дена граѓаните на тие општини ќе бидат жртви на мистиката, наместо закон и правдина веднаш”, пишува Христијан Мицкоски во текстот.

Целата колумна на мкд.мк